- reset +
Македонски
Home

PDFПечатиЕ-пошта

Брза, прецизна и прегледна изработка на предмер.
Со користење на предностите на новите технологии програмот овозможува брза изработка на предмер и понуда. Импорт на предмерот од  Excel или брзо креирање на предмерот преку програмот, ќе Ви остави доста време за анализа на ставките и креирање на поволни понуди.  Изработката на предмерот е флексибилна и задоволува различни облици на изглед на предмерот и ставките. За секоја внесена ставка е можно да се види анализа на цената на планираната заработка, како и трошоците за работа, материјалот и машините, а таков преглед се добива и на ниво на предмерот. Со промена на ценовникот или со примена на факторот можно е да се направи брза промена на цените , но и преку извештаите секогаш да ги контролирате ефектите на тие промени.

Основни можности
- Експорт и импорт на предмерот со ресурсите (нормиран предмер)
- Експорт и импорт на предмер од  MS Excel
- Експорт и импорт на материјали – овозможува брза контрола на цените на материјалите и ажурирање на предмерите и ценовниците.
- Дефинирање на ценовникот за работа, материјалите, машините на ниво на предмерот
- Дефинирање на факторот на работата, материјалите и машините
- Можност за повеќе пати внесување на ставки (drag&drop од книгата за норми)
- Копирање на цел или дел од предмерот (видови на работа, ставки со анализа)
- Внесување на останатите трошоци (превоз, спиење на работниците)
- Drag&drop ставки од  MS Office програми (Excel, Word)
- Drag&drop помошни анализи од книгата за норми
- Изработка на предмер од  IFC датотеката (Autocad Revit, Graphisoft ArchiCAD, Tekla, Arcon, Nemetschek ...)

Подизведувачи
Комуникација со подизведувачите со помош на  Excel таблица :
- споредба, контрола, избор на подизведувач, калкулирање со заработката, импорт во предмерот
Одредување на работните активности и избор на технологијата, одредување на  WBS структурата, гантограм – пресметка на траење на активноста со помош на  PDM методата, S-крива, бележење на реализација-рекалкулација на планот, извештаите (Планирано - Потрошено - Требало да се потроши - финансиски резулатати на проектот).

 

ШТО Е GALA SOFTWARE?

Програмско решение за градежната струка, кое што во потполност ги решава прашањата на орагнизација на претпријатијата, калкулации, планирања, контрола на трошоците, пресметка на изведените работи.

КОИ СЕ КОРИСНИЦИ?

Изведувачите на градежните работи, подизведувачи, проект менаџери, раководители на градилиштата, инвеститорите, фирмите за инженеринг...

ТИПОВИ НА ИНДУСТРИЈА

Градежништво(високо/ниско градба, завршни и занаетчиски работи, електро/водовод/лимарски работи...), челични конструкции, монтажни објекти ...